ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Турција уапси повеќе од 100 лица, меѓу кои и членови на опозицијата

Турските власти уапсија повеќе од 100 лица за наводна поврзаност со тероризам, вклучително и претставници на прокурдската опозициска Демократска партија на народите (ХДП), соопштија во вторникот државната новинска агенција Анадолу и ХДП. Апсењата доаѓаат помалку од три недели пред Турција да ги одржи клучните претседателски и парламентарни избори.
Неодамнешните анкети покажуваат тесна трка меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и главниот опозициски лидер Кемал Киличдароглу. Прокурдските гласачи ќе играат клучна улога во гласањето, предвидуваат анкетите. Во полициски рации во 21 град и провинција уапсени се 110 лица за наводни врски со забранетата Курдската работничка партија (ПКК), јави Анадолија.