Тимотеј: Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА

Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, соопшти денеска митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод. Тој рече дека се донесени неколку одлуки кои се поврзани со поделбата на епархиите, меѓутоа сè уште не може да ги сподели со јавноста затоа што е потребно да се усогласат со Српската православна црква.
„Денеска заседаваше Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во целосен состав, со мал исклучок на неколку архиереји кои се во странство и еден архиереј кој не можеше да дојде, но имаше свое полномошно за да се гласа доколку има потреба, но бидејќи одлуките се носеа главно едногласно, без никакви издвојувања денеска почна процесот за интеграција на ПОА во МПЦ-ОА“, изјави владиката Тимотеј.
Целосната интеграција Тимотеј очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој, како што кажа, треба да почне на 14 или 15 мај.