ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Вештак за Ласкарци: Автобусот не бил причина за несреќата

Според вештакот од Бирото за судски вештачења, Дамјан Мирчевски, ниту механичките неправилности, ниту системот за возење, ниту проблемите на системот за сопирање довеле до несреќата на автобусот на „Дурмо турс“, во кој животот го загубија 16 лица додека над 30 останаа тешко повредени. Роднините на обвинетите и обвинителот претходно најавија дека преку ова вештачење се обидуваат да се тргне одговорноста од обвинетите, велејќи дека автобусот бил регуларен и никој не е виновен освен возачот. Следствено на ова, речиси сите прашања на адвокатот на сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, упатени до вештакот Мирчевски, беа да се утврди дека всушност автобусот немал никкаво влијание врз фаталната несреќа.

Advertisements

„Не се согласувам дека единствената можност за спречување на несреќата е „сопирање пред судир“ или како што можеме да го наречеме итно сопирање, бидејќи нашиот тим не дошол до заклучок дека управувачкиот систем на возилото имал проблем. Со обичен систем на возила, возилото може да се вози на регуларен начин“, рече Дамјан Мирчевски, вештак од Бирото за судски вештачења.

Претходно вештаците констатираа дека системот за сопирање на овој автобус не бил целосно регуларен, но денеска на прашањето дали системот за сопирање влијаел на текот на несреќата, експертот Мирчевски рече дека „не придонел“. Дополнително, обвинителот Дарко Јакимовски рече дека истиот автобусот кружел 16 дена без регистрација.

„Рековте дека не гледате како проблем што автобусот возел 16 дена без регистрација, според мене ова зборува за превозникот наспроти обврските што ги има кон сообраќајот, дали се согласувате со мене“?, запраша обвинителот Јакимовски.

Експертот Мирчевски воопшто не сакаше да коментира за овој дел, рече дека немаат извршено ревизија на начинот на работа на превозникот и немаат инспектори да ја контролираат компанијата. Одговарајќи на прашањето на судијката, вештакот рече – „сигурно можеме да кажеме дека причината за несреќата не доаѓа од неправилност на автобусот, поточно од механички аспект“.

Денеска на судското рочиште беше речено дека претставници на Владата побарале од судот да даде појаснувања за супер вештачењето, но не им одговориле бидејќи, Владата немала право да се меша во работата на судството. Несреќата се случи во 2019 година, и четири години уште нема пресуда ниту одговорност. Семејствата на загинатите за АЛСАТ изјавија дека се плашат дека судскиот процес ќе оди во насока на ослободување петте други обвинети, освен возачот на автобусот.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button