ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уште не фрлена ни една лопата, Владата им плаќа 310 милиони € казна на „Бехтел-Енка“

Владата ќе му плати околу 310 милиони евра пенали на конзорциумот Бехтел-Енка без притоа тие да мрднат барем една лопата или да заковаат барем една шајка во проектот за изградбата на двата автопати, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Од оваа партија денеска одржаа брифинг со новинари и презентираа дел од Договорот меѓу Владата и американско-турскиот конзорциум. За договорот повторија дека го добиле од свиркачи, односно информатори.

Advertisements

Како што објаснуваат од партијата на Христијан Мицкоски, Владата се обврзала да исплати 50 милиони евра однапред во првите 45 дена од потпишувањето на договорот кој беше потпишан на 8 март. Причината е само една – во првите 45 дена од потпишувањето на договорот, до 22 април, не беа усвоени измените на Законот за работни односи за работната недела да се продолжи од 40 на 60 часа. Владата за тоа треба да му плати на конзорциумот еднократна парична казна од 53 милиони евра. Но, тоа не е сè. Како што објаснија од ВМРО-ДПМНЕ, поради неисполнетата преземена обврска за промена на Законот за работни односи, Владата секој месец ќе продолжи да плаќа казна од 1 милион и 265 илјади евра и тоа сè до крајот на изградбата на автопатите. Дополнително на тоа, ќе се плаќаат и други 900 илјади евра месечно сè до моментот кога евентуално ќе се донесат овие законски измени.

Според ВМРО, договорот предвидува и други финансиски импликации за државава во износ од 117 милиони евра. Овие пари државата мора да ги плати како аванс за подготовка на градежните работи. Првите 87 милиони Владата требало да ги плати во првите две недели по потпишувањето на договорот, односно до 22 март, а останатите 30 милиони 45 дена по потпишувањето на договорот. Овие рокови се практично завршени. Во договорот постои и точка за измена на проектот за 3 милиони евра.

Како што пресметале од ВМРО-ДПМНЕ, вкупната вредност на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д ќе изнесува многу повеќе од 1,3 милијарди евра. Причина за тоа е што во договорот многу суштински работи за проектот се поставени без предвидената цена како што се осветлување на автопатите и осветлување и вентилација на тунелите.

Затоа, според македонската опозиција, по анализата на договорот се доаѓа до заклучок дека коридорите на крајот би можеле да ја чинат државата 2,3 милијарди евра, односно една милијарда повеќе од сега планираното.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Договорот на Владата со „Бехтел-Енка“ јасно се гледаат превисоки цени за градежните работи. Имено, во февруари Владата потпишала договор за изградба на автопатот Скопје-Блаце со домашна компанија која ќе наплати 2,33 евра за метар кубен површински ископ. За истото, во договорот потпишан во март со „Бехтел и Енка“, се планира да се наплаќаат 5,36 евра, што е повеќе и од двојно.

На крајот, според ВМРО, договорот со конзорциумот не содржи ниту една реченица во која се наведува дека тој треба да биде класифициран или таен.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button