ЕКОНОМСКИ МАГАЗИН – Корупцијата не може да се намали ако функционерите не се плашат од затвор

Додека антикорупционерите чекаат да го видат договорот за изградба на автопатите, ги прибираат останатите документи од институциите каде имаат најмногу сомневања за корупција. Освен за овој случај, Билјана Ивановска од Државната антикорупциска комисија, во вечерашното издание на Економски магазин на Алсат, зборува и за други случаи кои ги води каде се сомнева за прекршување на закони. Корупцијата не може да се намали доколку функционерите не се плашат од затвор, вели таа.
„Од аспект да кажам на како е спроведена таа тендерска постапка, односно како е избран надзорот, понатаму, предмет на наш интерес е со какви лиценци располага надзорот, колку и какви има квалификувани луѓе, понатаму што содржи договорот“, рече Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.