ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во АСУЦ „Боро Петрушевски“ насока за хибридни и електрични автомобили

Средните стручни училишта ги отворија вратите за да ги информираат полуматурантите за условите и насоките кои ги нудат за следните четири години од нивното образование. На отворениот ден во училиштето „Боро Петрушевски“ беше претставена новата насока „Машински техничар за моторни возила“, а остануваат курсевите за сообраќај, машинство и електроника.

Advertisements

„Новиот правец се вика Машински техничар за моторни возила кој ги вклучува насоките за хибридни и електрични автомобили. Треба да го подготвиме пазарот на трудот со соодветен кадар за овие нови насоки“, вели Менсур Абдулау, учител.

Некои од полуматурантите сè уште не се одлучиле каде ќе аплицираат, но многумина со кои зборувавме би сакале да продолжат со стручно образование.

„Уште размислуваме, училиштето има добри услови, можеби ќе се запишеме. Има многу и интересни насоки, тоа се насоки со кои веднаш може да се најде работа…“

„Можам да продолжам за механичар, но размислувам и за други училишта“, велат матурантите.

Родителите сметаат дека на децата треба да им се помогне при изборот бидејќи не секој покажува талент за одредена насока.

Во „Боро Петрушевски“ во новата учебна година ќе можат да се запишат 381 ученик во 12 паралелки со настава на македонски и албански јазик.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button