ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Деца и затвореници ја јадат запленетата храна од Кванташки

Во вчерашната акција на Кванташкиот пазар на големо инспекторите конфискуваа 15 тони овошје и зеленчук. Казните од првата акција не ги загрижиле увозниците, па овој пат останаа и без стоката. Од Министерството за економија соопштија дека на пазарот се продавало нелегално без фактури, а со парагон блокови. Акциите се очекува да продолжат и на зелените пазари. До петок ќе бидат поднесени кривични пријави против компаниите кај кои имало неправилности.

Advertisements

За компаниите кои направиле даночно затајување во износ поголем од 10 илјади евра, покрај парични казни, ќе има и кривични пријави. Финансиската полиција утврди дека некои од нив звршиле даночно затајување и сè уште ги разгледуваат податоците против некои правни лица за непочитување на одлуките на Владата. Директорот на Пазарниот инспекторат најави дека отсега и самите инспектори ќе бидат присутни на судските рочишта, бидејќи во минатото праксата да не се појавуваат на суд ги амнестирала прекршителите од казни.

Конфискуваната храна на Кванташки денеска беше дистрибуирани како донација до училиштата за деца со посебни потреби, дел од државните болници и здравствени установи, како и во затворот Идризово. Имено, институциите открија дека многу зеленчук се чува во магацините и не се пушта на пазарот, бидејќи цените се замрзнати.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button