ВЕСТИРЕГИОН

Борисов: Нема подобар премиер од мене, но јас се повлеков

Доколку Асен Василев и Кирил Петков учествуваат во новиот владин кабинет, ние ќе понудиме наши видни личности, како Дељан Добрев, Томислав Дончев…, изјави лидерот на коалицијата ГЕРБ-СДС и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, по неколкуте дена преговори со второпласираната коалиција на последните парламентарни избори ПП-ДБ, одговарајќи на новинарско прашање, дали Василев и Петков се прифатливи за ГЕРБ-СДС во евентуалниот владин кабинет.

Advertisements

Двете коалиции претходно ја усогласија законодавната програма, а во моментов се преговара и за владината програма и личностите кои ќе бидат застапени во неа.

„Мислам дека коалицијата Промените продолжуваат-Демократска Бугарија гледа дека никој не е подобро подготвен од мене да биде премиер, но јас се повлеков за да дадам шанса за влада“, рече Борисов.

Затоа, смета тој, и Петков и Василев треба да го сторат истото, за да има можност за програмски, експертски кабинет, кој врз основа на одговорност ќе раководи во следните четири години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button