ВМРО и БЕСА се скараа за Вјоса Османи и албанскиот јазик

Пречекот на претседателката на Косово пред неколку дена во Тетово предизвика тензии меѓу ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА во општинскиот совет. Советниците на ВМРО го обвинија првиот човек на општината Касами дека го прекршил Уставот со непочитување на македонскиот јазик на билбордите со кои ја пречека Вјоса Османи.
Првиот човек на Советот, Бесар Дурмиши, реакцијата на ВМРО ја оцени како низок удар за дневна политика.
„Не знам која е причината зошто упатија вакви жалби и зошто се занимаваат со ниска дневна политика која не е добра за градот и државата. Но, друг факт е дека Тетово е град со албанско мнозинство и тоа е реалност која се знае без разлика дали некој се чувствува добро или лошо“, рече Дурмиши.
Младите од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово пред еден ден на влезот од градот поставија натписи „Тетово е срцето на Македонија“, во знак на протест против билбордите само на албански јазик.
Башким Сулејмани