ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ЈПДП: Исплатен првиот трансфер за изградбата на коридорите

Согласно Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, донесена на седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 23 март годинава, како и по нејзиното објавување во Службен весник, извршен е првиот трансфер на сметката на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наменет за реализацијата на овој најголем инфраструктурен проект во историјата на државата. Исплатени се средства кон ЈПДП во висина од 7.254.000.000 денари или 117.000.000 евра.

Advertisements

Спред законските обврски од посебниот закон и потпишаниот Договор со изведувачот Конзорциумот Бехтел – Енка, како и согласно владината Програма, овие средства се наменети за мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување кампови, лабораторија и други работи од страна на изведувачот на работите пред да се започне со градежни активности на трасите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button