Стартува работната група за измени на Изборниот законик

Во среда ќе почне со работа работната група за измени и дополнувања на Изборниот законик, односно за имплементација на препораките на ОБСЕ-ОДИХР, но и за подготовка на комплетно нов законик. Шефот на оваа група, формирана по иницијатива на Министерството за правда, Александар Новаковски, вели дека изборниот законик треба да се разгледува дел по дел, но препораките на ОБСЕ кои се влечат од еден до друг изборен циклус, ќе бидат приоритет.
Новаковски вели дека темата за изборниот модел ќе биде отворена, но конечната одлука е во раце на партиите. Тој се надева дека некои прашања ќе бидат решени пред изборите следната година.
ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно нема да има претставници во работната група за Изборниот законик, но лидерот на оваа партија вели дека ќе ги поддржат евентуалните измени за воведување на систем со само една изборна единица.
Освен ВМРО-ДПМНЕ, речиси сите други парламентарни партии ќе имаат свои претставници во работната група.
Фатлуме Дервиши