ВЕСТИРЕГИОН

Пленковиќ: Прашањата меѓу Хрватска и Србија треба да се решаваат со дијалог

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска по средбата со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат со дијалог.

Advertisements

„Во дијалогот треба да продолжиме да ги решаваме отворените прашања и да ја подобруваме економската, транспортната и енергетската соработка. Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска“, напиша Пленковиќ на Твитер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button