ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гази Баба со над 20% Албанци, но општината не воведува двојазичност

Повеќе од година и пол да се смени табла и се чини дека и овој временски период не е доволен за општина Гази Баба да ја замени таблата со името на општината со друга на која ќе стои албанскиот јазик.

Advertisements

Од септември 2021 година, кога се одржа последниот попис на населението и од кој се покажа дека процентот на Албанци во оваа општина надминува 20, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стевковски, во секоја изјава ги споменува процедурите. Овие изјави отвораат дилеми како некои институции успеваат да ги сменат табелите во рок од неколку недели или еден месец, а општина Гази Баба има процедури за чие завршување и година и пол не се доволни.

Од Агенцијата за примена на албанскиот јазик велат дека општина Гази Баба нема испратено никакво официјално барање за превод на таблата.

„Агенцијата за примена на јазикот известува дека општина Гази Баба нема испратено никакво официјално барање за превод на албански јазик на таблата на влезот на општината и на кој било друг вид табла. Исто така, Агенцијата известува дека нема формирано никаква заедничка работна група со општина Гази Баба во врска со ова прашање“, велат од Агенцијата за примена на албанскиот јазик.

Од Агенцијата велат дека на 3 февруари или повеќе од една година по пописот на населението, до општина Гази Баба, пристигнало само едно барање за превод на 14 формулари. Истите биле вратени во општината преведени од македонски на албански на 12 февруари.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button