ВЕСТИРЕГИОН

Лајчак – Средбата во Брисел меѓу Вучиќ и Курти е исклучително важна

Утрешниот состанок во Брисел, кој треба да се одржи во рамки на дијалогот и на кој ќе бидат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премеир Албин Курти, ќе биде исклучително важен. Оваа оценка ја даде специјалниот преставник на ЕУ за дијалогот на Србија и Косово, Мирослав Лајчак.

Advertisements

Лајчак на Фејбук, сумирајќи ја изминатата недела, наведе дека на маргините на Економскиот форум во Делфи во Грција се сретнал со Албин Курти во пресрет на најавената средна на високо ниво во рамки на дијалогот на 2 мај во Брисел.

Лајчак потсети дека во Делфи се состанал и со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, и дека го запознал со најновите настани во дијалогот, како и со специјалниот пратеник на Голема Британија за Западен Балкан, лордот Стјуарт Пич.

Лајчак наведе дека тргнува во посета на Босна и Херцеговина, за да со повеќе соговорници од прва рака добие информации за ставовите и проблемите во таа земја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button