ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Ампева: Работниците се повеќе информирани за своите работнички права

Се кршат работничките права од страна на работодавачите, но работниците се сѐ повеќе информирани за своите права и правдата ја бараат преку судската власт.

Advertisements

Ова е ставот на правниот тим на Здружението „Гласен текстилец“, кој ги анализираше состојбите со работничките права по повод 1 мај- Денот на трудот. Судските постапки вообичаено се парични побарувања за неисплатени плати и додатоци на платата.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип забележува дека во приватниот сектор има позитивни пресуди во корист на работниците, преку форми кои ги овозможува законот. Посочува дека фирмите се претставуваат како затворени или неликвидни со што не може да се наплатат паричните побарувања од страна на работодавачите. Ампева порача дека е важно навремено да се преземат сите постапки за што е потребно работниците навремено да бидат информирани за своите права.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button