ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово: Рокот за легализација на објектите завршува во 2025

Околу 1.500 објекти во Тетово може да не бидат легализирани поради нецелосна документација. Општина Тетово ги извести страните дека доколку до 2025 година не бидат поднесени завршените барања за легализација, ќе се уриваат. Многумина од сопствениците не ја доставиле документацијата поради нерешени спорови.

Advertisements

Меѓу стотиците објекти кои останаа не легализирани тука во градот Тетово, најголем проблем е за жителите во оваа населба што ја гледате зад мене. Во ова соседство, куќите се изградени на земјиште кое е во сопственост на Исламската верска заедница.

Од Исламската верска заедница, велат дека сé уште немаат став за куќите изградени на имотот на ИВЗ.

Од Месната заедница велат дека тие се обратиле до верската институција со барање за решавање на проблемот, но се уште не добиле одговор. Тие се во контакт и со општината од која очекуваат да помогне во надминувањето на проблемот.

„Се обративме и до ИВЗ, но без конкретен одговор. Сега со доаѓањето на новата администрација повторно ни ветија дека ќе дадат се од себе да го решат проблемот, но се уште нема конкретни одговори од муфтиството. Како последица на тоа, недостасуваат сите работи, дури и водоводната мрежа што се прави во населбата, не може да се заврши. Апелираме како жители на населбата до муфтиството да седнат заедно во општината и што поскоро да го решат овој проблем“, рече Семир Беќири, претседател на МЗ.

Во секторот урбанизација во општина Тетово се појавиле и други проблеми.
„Недостасува и комплетна документација, или елаборат, за многу фиктивни бројки, за кои доаѓаат странките, значи имаат бројка, но материјалите не се во општина Тетово, што значи дека се фиктивни . Наскоро сите овие бројки ќе ги објавиме на официјалната веб страна, а граѓаните ќе ги замолиме да дојдат и да ги достават потребните елаборати. Ако тие не бидат донесени, тогаш сите овие фиктивни бројки ќе бидат пријавени во јавното обвинителство“, рече Бесар Дурмиши, претседател на Советот на општина Тетово.

Локалната власт во Тетово вели дека има околу 3.000 предмети за легализација. Десетици од нив се легализирани, но сопствениците немаат соодветна документација што, според оптшината остава сомнеж за корупција и други злоупотреби.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button