ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Росвал пристигна во Скопје, денеска на тет-а-тет средба со вицепремиерот Маричиќ

Државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу-Халили синоќа на Меѓународниот аеродром – Скопје ја пречека шведската делегација предводена од министерката за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал.
Росвал, како што е најавено, денеска ќе оствари тет-а-тет средба со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Во рамки на официјалната посета на Скопје шведската делегација ќе се сретне и со претставници од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.