СПОРТФУДБАЛ

Лука Јовиќ не сака да са врати во Мадрид

Лука Јовиќ ќе остане во Фиорентина и следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми. Јовиќ во Фиренца дојде како позајмен играч од Реал Мадрид.

Advertisements

Од почетокот на сезоната, Јовиќ постигна само четири гола во Серија А, но погоди шест пати на 12 натпревари во Конференциската лига. Очигледно поради ефикасноста во Конференциската лига челниците на Фиорентина решиле да го задржат на „Артемио Франки“.

Интересот за ваквото сценарио е обостран бидејќи самиот напаѓач е задоволен и од клубот и од животот во Фиренца. Јовиќ има договор со Реал Мадрид до 2024 година, што значи дека би играл уште една сезона на позајмица во „Виола“, а доколку се покаже ќе добие потпише договор со италијанскиот клуб. Реал Мадрид за Јовиќ издвои 60 милиони евра. Српскиот напаѓач во ниту еден момент не успеа да се наметне и да покаже дека може да биде достојна замена за Карим Бензема.

Според многумина неговиот трансфер е еден од најлошите во историјата на славниот клуб.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button