Пожарникарите запоставени од државата, имаат плата од 27.000 денари

На ѕидот од дворот на Противпожарната бригада во Скопје е испишано „Градски херои“, но ова останува само како натпис, бидејќи пожарникарите не се чувствуваат ценети. И покрај нивната секојдневна изложеност на опасности, нивниот труд се плаќа помалку од просечната плата.
„На почетокот кога почнавме да работиме, вработен во маркет земаше поголема плата од нас, но тоа не нè спречи да се трудиме за оваа работа, бидејќи е хумана и ја сакаме. Ако се гледа финансиски тогаш никој не треба да доаѓа на работа бидејќи како што велиме, животот ни е загрозен, ризикуваме за 27 илјади денари, толку е платата, не вреди“, вели Шефки Демири- противпожарна бригада.
Демири вели дека облеката на пожарникарите е канцерогена и треба да се менува на секои 5 години. Но, самиот тој работи со облека стара 15 години што ја добил од пензиониран пожарникар.
„Заштитната опрема, пожарникарската облека има рок од 5 години, на секои 5 години треба да се менува бидејќи е канцерогена, има свој рок. Јас сум пожарникар 4 и пол години и облеката ја набавив од колега кој се пензионираше, а тој ја имаше таа облека пред 10 години, односно облеката што ја имам е стара 15 години. Се надеваме дека тој проблем ќе се реши што поскоро, бидејќи станува збор за нашето здравје“, додава Демири.
Поради малиот број пожарникари, оние кои работата се максимално ангажирани. Во меѓувреме и целата опрема за работа е застарена.
„Нашата смена е 12 часа, 24 часа одмор, потоа 12 часа ноќе и потоа 48 часа одмор…Имаме 200 пожарникари во нашата бригада, а недостигаат уште 200. Според законот, треба да имаме по еден пожарникар на секои 1.500 жители… Возилата ни се многу стари, во просек 40 години стари“, рече Садат Кадриу, пожарникар.
Според податоците на Државната агенција за статистика, најплатени професии во С Македонија се ИТ секторот, банкарите и фармацевтите.
Ајнур Бафќари