
Пациентите со цистична фиброза денеска протестираат пред Министерството за финансии со барање да се обезбедат пари за набавка на терапија за сите пациенти со оваа ретка болест.
Во Македонија со оваа болест се регистрирани околу 140 лица. Досега државата обезбеди терапија за 12 од нив, чија состојба е многу тешка, а функцијата на бубрезите е под 60%.