Пендаровски: Немањето претседател на Судскиот совет фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска, коментирајќи ги актуелните случувања во Судскиот совет, оцени дека посебен проблем е што оваа институција нема претседател. Тоа, според него, фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата.
-Она што го знам и што претставува посебен проблем е тоа што претседателот на Судскиот совет, кој и да е, е и претседател на Судско-финансискиот совет, што значи ако нема претседател на Судски совет нема кој да потпише решенија за судиите да земат плата. Таа ситуација мора час поскоро да се реши, не само заради платите, туку зашто фрла таква темна дамка врз целото европско, демократско досие на Северна Македонија, рече Пендаровски, коментирајќи ги актуелните случувања во Судскиот совет.
Според него, не се случајни реакциите изминатите днеови и од ЕУ и од Американската амбасада.
-Тоа се најжестоки реакции и најжестоки критики за состојбите во македонскиот правосудсен систем од 1990 година до денес, оцени Пендаровски.