ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово – референдумот за казината најрано на есен

Референдумот за затворање или дислокација на казината од градот Тетово нема да се одржи пред есен. Причината за одложувањето, според претседателот на тетовскиот совет, е подобра подготовка за да не пропадне референдумот, поради непостигнувањето на цензусот од 50 проценти + 1. Од Движењето против коцкање велат дека оваа постапка треба да се забрза.

Advertisements

„За да успее референдумот или граѓанската иницијатива, закажавме уште една средба за 20 мај, сите страни заедно уште еднаш да разговараат за сите можности и чекори што ќе ги преземеме. Општината има право да го реализира, но знаејќи ја историјата на изборите досега, излезноста на избори, дека никогаш не биле над 50 проценти, а за да биде успешен референдумот мора да има излезност над 50 проценти. Затоа сите заедно разговаравме за тоа дали ќе успееме да добиеме повеќе од 50 проценти излезност од граѓаните. Откако ќе се сретнеме, можеби ќе имаме една јавна дебата, каде што ќе ги повикаме сите страни, за тој да биде успешен“, рече Бесар Дурмиши, претседател на општинскиот совет Тетово.

„Има доцнење – се менуваат ставовите на општината за одржувањето на референдумот. Пред неколку дена имавме средба со сите советници и наидовме на разбирање од сите политички партии. Сега имаме уште една средба за да го одредиме датумот на референдумот. Не треба повеќе да се води јавна расправа затоа што Движењето против коцкање одржа расправа и заклучоците и ставовите беа доставени до општината и сега очекуваме истите да поминат во општинскиот совет на Тетово“, вели Јуши Емерлаху, движење против коцкање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button