МАКЕДОНИЈА

Уапсен таткото на момчето што пукаше во училиштето на Врачар

Таткото на Коста К. (14), осомничен дека утринава во ОУ „Владислав Рибникар“ уби осум ученици и еден чувар, денеска е уапсен, соопшти на прес-конференција српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

Advertisements

Гашиќ изјави дека двата пиштоли кои биле пронајдени кај момчето имале законски дозволи.

„Родителот тврди дека имал неколку оружја и ги чувал заклучени. Тој имал повеќе оружја од 2016 и 2017 година, а сефот имал шифра. Очигледно е дека детето ја имало шифрата штом успеало да ги земе тие два пиштола и три рамки полни со по 15 куршуми“, рече Гашиќ.

Како што претходно објавија српските медиуми, таткото на момчето што пукаше бил познат радиолог и бил љубител на оружје.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button