
Портпаролот на Европската унија, Петар Стано, изјави дека одлуката на Косово да го распушти Управувачкиот тим, кој го подготви Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО), „го крши словото и духот на договорот за дијалог“ и дека секоја одлука во врска со тимот мора да биде одобрена во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.
Стано нагласи дека според договореното, јасно е дека Менаџерскиот тим мора да функционира до донесување на статутот на ЗСО, додавајќи дека посредниците во дијалогот ќе ги поканат главните преговарачи да започнат со преговарачкиот процес, а ако има потреба ќе биде поканет и менаџерскиот тим да учествува во процесот.
„ЕУ како посредник ќе ги покани главните преговарачи и нивните експерти во Брисел за да започнат преговори за повелбата. Очекуваме двете страни да се вклучат во процесот конструктивно и со добра волја и брзо да ги завршат преговорите. На 2 мај, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, им рече на двете страни дека менаџерскиот тим ќе биде поканет да учествува во процесот доколку е потребно, што ќе го утврди модераторот на ЕУ“, рече Стано.