ВЕСТИСВЕТ

Зошто американските претседатели не присуствуваат на крунисувањето на британските монарси?

Соединетите Американски Држави и Велика Британија имаат „посебен однос“ многу децении, како што одамна ги карактеризираше Винстон Черчил, но ниту еден американски претседател нема присуствувано на крунисување на британски монарх, пишува Би-Би-Си и посочува дека меѓу мноштво светски претставници, на крунисувањето на кралот Чарлс нема да присуствуваат американскиот претседател Џо Бајден.

Advertisements

Белата куќа потврди за британскиот јавен сервис дека претседателот добил покана, но наместо него, на церемонијата ќе присуствува првата дама, Џил Бајден.

Администрацијата во Вашингтон не ја наведе причината за отсуството на Бајден, но ја пренесе желбата на американскиот претседател во иднина да се сретне со британскиот крал.

Уредникот на Mirror, Расел Мајерс, оценува дека претседателот нема да присуствува на церемонијата на крунисувањето бидејќи бил горд на своите ирско-американски корени.

Сепак, историчарите наведуваат дека причините се помалку политички, туку се работи за континуитет на повеќевековна традиција.

„Тој нема да оди на крунисување затоа што ниту еден американски претседател никогаш не бил на крунисување, па зошто да почнеме во 21 век“, изјавила Лора Бирс, професорка по историја на Американскиот универзитет.

Пред владеењето на кралицата Викторија, односите меѓу САД и Обединетото Кралство беа главно противнички, по американската револуција и војната од 1812 година, додава Бирс.

„Со стапувањето на тронот на кралицата Викторија започна „Викторија треска“ и нова ера на американска фасцинација од британската монархија, но и тогаш претседателот Мартин Ван Бурен не присуствуваше на церемонијата. Не беше практично да дојде американски претседател и мислам дека тоа стана традиција после тоа“, рече Бирс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button