
Како што пренесува српскиот национален сервис РТС, масовниот убиец кој во Младеновац одзема најмалку 8 животи и рани 13 лица е уапсен во близина на Крагуевац. Станува збор за лице со иницијали У.Б. на возраст од 21 година. Таткото на осомничениот, неофицијално, бил воено лице.
Како што претходно пренесовме, масакрот се случувал доцна синоќа, во неколку села кај Младеновац во близина на Белград. Напаѓачот користел автоматско оружје.
У.Б. прво почнал да пука во селото Дубона, а потоа во Мало Орачје и Шепшин. Во Дубона убил млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде ранил уште неколку лица. Според мештаните, напаѓачот бил познат како проблематично лице кој бил од соседното село Долна Дубона.
Српскиот министер за внатрешни работи, чинот го оцени како акт на тероризам.