
Од денеска до недела во Србија е прогласена тридневна жалост поради масовното убиство што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај.
Владата на Србија донесе одлука 5, 6 и 7 мај да ги прогласи за денови на национална жалост поради трагедијата во која 13-годишно момче со пиштол уби девет лица, од кои осум деца и еден возрасен, а повреди уште шест ученици и една наставничка.
Знамињата се спуштени на половина копје, а сите активности започнуваат со едноминутно молчење.
Поради масакрот во основното училиште во Белград, денеска ден на жалост е прогласен и во Босна и Херцеговина.