Различни изборни модели и нивното влијание врз политичките партии

Коавторот на анализата за тоа колку е пропорционален македонскиот изборен модел, Кристијан Фидановски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат претстави дел од резултатите кои покажуваат каков број на пратенички мандати би освоиле помалите, а каков поголемите политички партии кога наместо шест би имало една Изборна единица.
„Доколку во 2020 година, сѐ било исто, но наместо шест Изборни единици имало една, тогаш големите партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ би загубиле по неколку места, а помалите би добиле по неколку места. Доколку пак, врз основа на истите тие резултати, имало една Изборна единица, но праг од 5%, па дури и 3%, исходот би бил уште помалку поволен за помалите партии, а поволен за големите. Тие би добиле уште по неколку пратеници во однос на она што го добиле во 2020 година“, вели Фидановски.