ВЕСТИСВЕТ

Кралот Чарлс Трети е крунисан – се заколна дека ќе ги почитува законот и црквата

Британскиот крал Чарлс Трети и официјално е крунисан на церемонијата што денеска се одржува во Вестминстерската опатија.

Advertisements

Крунисувањето на кралот беше означено со ставање на круната на Свти Двард на главата на Чарлс Трети.

Чинот се случи на средина од церемонијата што ја води нактербрејскиот надбискуб Џастин Белби.

Претходно Чарлс Трети положи заклетва во која кажа дека ќе го почитува законот и Англиската црква за време на своето владеење и потврди дека е „верен протестант“.

Откако во Вестминстерската опатија седеше на историскиот кралски престол, кралот доби кралски меч „за да ја заштити правдата, црквата и народот“, а доби и други кралски обележја како што се жезол, палка, златко јаболко, ракавица и прстен.

Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица.

Кралот беше крунисан пред повеќе од 2 300 гости, меѓу кои бројни шефови на држави и членови на кралски семејства.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button