ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовци се уште чекаат обештетување за поплавите

Општина Тетово ја обвини Владата за опструкција. Причината е одбивањето да и се помогне на општината да ги обесштети жителите кои настрадаа од минатогодишните поплави.

Advertisements

„Познато е дека за време на поплавите во 2022 година, Советот на општина Тетово не функционираше поради орагнизирањето на вонредните избори, а следствено на тоа не беше во можност да функционира и комисијата за проценка на штети. Затоа, овластувањата се делегирани на владината комисија, комисијата која требаше да ги направи оценките за да им помогне на тетовци. Одговорот на Владата беше дека вие треба да ја направите проценката но се знае дека во тоа време не беше функционална комисијата со што им се наруши законското право на жителите за помош“, рече Алби Ќамили – портпарол на општина Тетово.

Владата го оцени како нецелосен предметот испратен од Општина Тетово, а за негово завршување е даден рок од 15 дена.

„Ве известуваме дека работата мора да биде согласно соодветната методологија и во рок од 15 дена да биде вратена во Комисијата за верификација на штети од елементарни непогоди, формирана од Владата. Доколку во предвидениот рок не го завршите предметот согласно новата методологија, комисијата ќе ја извести Владата дека предметот е некомплетен“, се нагласува во одговорот на Владата.

Лани во поплавите беа оштетени 157 објекти, куќи и дуќани, чија вредност е 4 милиони денари. Од општина Тетово уште еднаш ветија дека доколку Владата не помогне во обештетувањето на жителите, тие сами ќе ја платат отштетата.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button