ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шаќири за Алсат: Прво анализи, па ако треба и целосна забрана на ТИК-ТОК

Судбината на социјалната платформа „Тик-Ток“ во Македонија во моментов е во рацете на Министерството за образование и наука. Првиот човек на оваа институција, Јетон Шаќири, за АЛСАТ изјави дека не е исклучена целосна забрана на оваа платформа, бидејќи според него, ограничување или регулирање на нејзината употреба само во училишните објекти нема да го реши проблемот.

Advertisements

„Прво ќе побараме од институциите кои се занимаваат со сајбер безбедноста да подготват извештај за тоа што се објавува на оваа платформа, возрасните групи на корисници и слично. Се додека не се завршат овие анализи, размислуваме за привремена забрана за Тик-Ток, а потоа доколку е потребно и целосна забрана бидејќи целта не е постигната доколку забраната се прави само во училишните објекти“; вели Шаќири.

Потенцијалната забрана за користење на оваа платформа се разгледува не само во Македонија. На оваа платформа се прават опасни „предизвици“, и во земјава имаме и регистрирани жртви како резултат на овие „игри“. Лука Павиќевиќ од Сојузот на средношколци рече дека е свесен за последиците од оваа платформа, но апелира нејзиното регулирање да биде долгорочно и адекватно.

Дополнително, пратеничката Моника Зајкова ќе предложи интервенции во некои закони поврзани со безбедноста – регулирање на употребата на „Тик-Ток“ и други мрежи кои промовираат насилство, контрола на опасни игри, промени во делот на издавање и поседување огнено оружје и слично. Експертите за сајбер безбедност со кои разговараше АЛСАТ велат дека евентуалната забрана за користење на оваа социјална мрежа може да се направи преку операторите за интернет. Инаку, психолозите и социолозите долго време предупредуваат на фактот дека оваа апликација предизвикува зависност поради екстремно персонализираниот алгоритам за содржина.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button