ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Вработените во ДИЦ сѐ уште штрајкуваат, предвидените рокови за подготовка на државна матура истекоа

Вработените во Државниот испитен центар остануваат во штрајк, матурата виси. Нема договор за нивните барања за покачување на платите, а двете средби изминатиот период со претставници на министерството за образование и наука и министерството за финансии завршија безуспешно.
Од ДИЦ денеска со нови обвинувања дека дел од средствата наменети за нивно функционирање сега се пренаменети за зголемување на платите на функционерите.
Додаваат дека сите рокови за државната матура се истечени и е речиси невозможно да се запазат предвидените датуми.