ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Полицијата превенира насилство во училиштата

Македонија е безбедна држава, нема индиции за нарушување, бидејќи случувањата во Србија не можат да бидат прелеани кај нас од аспект на било какви терористички или криминални групи. Но, мора да се преземаат системски чекори, што ќе гарантираат правилен развој на општеството, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Advertisements

„Едно е многу значајно и важно, дека мора да се преземаат системски чекори и мерки кои ќе гарантираат развој правилен на општеството. Тоа е многу важно за развој на децата и унапредување на образовниот систем, јакнењето на јавната свест за делот на безбедноста. Многу е важно е приватниот сектор и јавната безбедност да се стават во функција на државата, бидејки приватни агенции за обезбедување се дел од јавната безбедност и секој еден од граѓаните е дел од тоа“, вели Спасовски.

Генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Јурген Штроф,предупреди на заканите пред кои е исправена и Македонија.

„И можам да кажам дека особено за Северна Македонија дека е безбедна земја, но секако дека нема регион, каде нема закани. Но, сега повторно има нови закани, криминалците се флексибилни. Видовме дека во текот на пандемијата, како тие ја променија својата улога прилагодувајќи се на ранливостите во општествата. Сега промената е кон сајбер страната и сѐ повеќе криминални дејстивија се префрлаат на сајбер арената и тоа е буре без дно.Сега низ континентот сега има криминални картели кои што се организаираат така да и ние мора да возвратиме со иста таква организација“, рече Штроф.

Охрид деновиве е домаќин на 50-та по ред регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, кога земјава одбележува 30 години од зачленувањето.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button