ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови датуми за државната матура бара синдикатот на ДИЦ, Шаќири повика таа да не се доведува во прашање

Невозможно и неизводливо е да се стигнат датумите за државната матура – соопшти вчера синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој до денеска штрајкува две седмици. Поради неисполнетото барање од Министерството за финансии за зголемување на платите, вчера од МОН побара да го измени календарот за полагање на двата екстерни испита кои се закажани за 27 мај и 10 јуни.

Advertisements

Тоа ќе значи и пролонгирање на резултатите од матурата кои се објавуваат најдоцна еден месец од полагањето на вториот екстерен испит.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, повика ДИЦ во своите барања и преговори со Финансии да не ја доведува во прашање државната матура.

– Во момент кога дискутираме, тоа да не го поврзуваме со датумот на државната матура. Нека продолжат со нивните барања, но нека не ги доведуваат во прашање процесите, апелираше  Шаќири и им сугерираше на вработените што се во штрајк да го почекаат Општиот колективен договор кој, како што рече, можеби ќе биде подобар од сегашните услови што им ги нуди Министерството за финансии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button