ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно и посвежо со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Оттаму велат дека врнежите од дожд на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската темпертура ќе биде од 8 до 13 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе биде од 11 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде 11, а во текот на денот до 16 Целзиусови степени.