ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлог законите за коридорите утре на пленарна седница

Предлог – измените на петте закони што се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10 д, на кои Владата во петокот им стави европско знаменце, утре ќе се најдат на собраниска седница. За власта употребата на европското знаменце на овие закони е оправдано, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека се работи за злоупотреба. Од Делегацијата на Европската Унија во државава веќе се изјаснија дека употребата на европското знаменце не е во согласност со стандардите на Унијата и најавија дека ќе бараат дополнително објаснување.

Advertisements

Станува збор за предлог-измени на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, Законот за урбанистичко планирање, Законот за градење и на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10-д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија.
Доколку утре на пленарна седница го поминат првиот филтер за потребата од скратена постапка, измените на петте закони најверојатно експресно ќе се најдат и на собраниската Комисија за европски прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button