ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Домашните градежници бараат исти правила како и за „Бехтел и Енка“

Градежниците бараат од Владата и за нив да важат истите правила како и за Бехтел и Енка. Во договорот на овој конзорциум со власта стои дека најмалку 51 отсто од вработените ќе бидат од домашни градежни компании. Но, од Здружението на градежни компании при Стопанската комора велат дека нема да дозволат нивните работници да бидат измачувани додека ги градат автопатите. Освен за ниско градба, во денешниот Економски магазин на Алсат разговараме и за цената на становите која урива рекорди, па во Скопје достигнува и две илјади евра за метар квадратен.

Advertisements

„Младите работници немаат амбиции да работат, имаме голем одлив на млади работници. Старите работници се на просек од околу 55 години, а работници со тој просек не може да работат повеќе од 8-9 часа на ден. Јас мислам дека тој услов го бара Владата за стратешкиот партнер затоа што се има намера да се увезат работници. А, знаеме дека работниците кои доаѓаат од Пакистан или Индија работат по 10 часа“, рече Андреа Серафимовски Здружение за градежништво при Стопанска комора.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button