МАКЕДОНИЈА

Проф. Спасовски: Бунтовноста на младите не е насочена кон промена на коруптивниот ситем

За професорот по психологија од филозофскиот факултет при УКИМ, Огнен Спасовски, резултатите од истражувањето изработено од „Тим Институт“, за потребите на емисијата „360 Степени“, коишто покажуваат дека помладите генерации се најбројната категорија што би пристапила кон ситна корупција, се негативен показател бидејќи се регистрирани кај популацијата што најсилно треба да се бунтува против една таква појава.

Advertisements

„За младите е потипично револуционерност, бунтовност и тн. но, тука не гледаме револуционерност и бунтовност или неприфаќање на стандардите во позитивна смисла, во смисла на менување на овој коруптивен систем, туку за жал, наоѓаат свој начин, во негативна смисла ‘итерпејовски’, или ‘шорткат’, како да дојдат до она што го посакуваат“, вели проф. Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button