Раткоцери: Време е да се каже вистината, колку и да е болна

Новинарот Арбен Раткоцери, во вечерашната емисија „200“ на Алсат, во која се дискутираше за односите меѓу Македонија и Бугарија, меѓу другото оцени дека македонската страна во ова прашање е поделена. Според него, еден дел смета дека темелите на Македонија се темелат на антифашистичката борба, друг дел вели дека темелите на Македонија се во Илинден, додека третиот дел вели дека темелите на Македонија се во антиката. Според Раткоцери, време е кога мора да се земе храброст и да се каже вистината, колку и да е болна.
„Навистина, дебатата во македонското општество е дебата што започна многу порано, јас би рекол некаде по 90-тите години, сега тие се соочуваат со малку поинаква реалност, од она што се образувале и го научиле од ’45 г. На пример, колешката вели дека темелите на Македонија се базираат на антифашизмот, но имате дел од македонското општество што вели дека темелите на Македонија се во Илинден. Имаме друга структура која вели дека темелите на Македонија се во антиката. Тоа значи дека тоа е внатрешна дебата, во рамките на македонското општество. Сега ако го погледнете проблемот од страна, јас како Албанец, како ја гледам оваа дебата, ја гледам дека македонското општество е поделено, елитата создадена од ’45-тта наваму сака да верува во тезата за воспоставување на државата во антифашизмот. Друг дел, кој е поблизок со ВМРО, особено во текот на годините помеѓу двете војни, сметаат дека темелите се од Илинден, а помал слој мисли на Антика. Најголемиот, најзагрижувачки дефект е недостатокот на храброст да се отвори дебата меѓу македонското општество за овие три прашања. Ова општество мора да има смелост и да ја каже вистината што би се рефлектирала во овие разговори. Вистината е болна“, рече Раткоцери.