МАКЕДОНИЈА
Бачовска Недиќ: Одговорна власт за искоренување на ситната корупција

Во свој коментар на резултатите од истражувањето на „Тим Институт“, во коешто 78% од испитаниците велат дека во земјава ситната корупција е многу распространета, професорката на правниот факултет, „Јустинијан Први“ при УКИМ, Јасна Бачовска Недиќ, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, вели дека излез од таквата состојба, меѓу другото е и одговорна власт во државата.
„Лекот е во подигнување на свеста, во функционирањето на државата и судството, но гледате дека тоа е магичен круг. Има и многу социолошки фактори, историски, но треба и политичка волја. Доаѓање на власт на некои одговорни луѓе коишто можат да се грижат за воспоставување на систем“, вели професорката Бачовска Недиќ.