ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УЈИЕ, 100 научни трудови за економско закрепнување по кризата

Глобалната економска криза, консолидацијата и одржливиот раст беа темите за кои денеска дискутираа еминентни професори од земјата и странство на Универзитетот на Југоисточна Европа. Се одржува шестата економска конференција организирана од овој универзитет. Се зборуваше за економските шокови, високата инфлација, енергетската криза и пандемијата. Според ректорот, Абдулменаф Беџети, на овие теми се подготвени повеќе од 100 научни трудови кои се доставени за денешната дебата.

Advertisements

„Ние сме во фаза на економско заздравување. Знаете дека 2022 година беше година со позитивни стапки на економски раст на глобално ниво, но сè уште сме во фаза на отпорност, односно во фаза на одржливост на предизвиците на овој економски раст, бидејќи стапките се движат некаде помеѓу три и четири проценти и не се доволни за регионот, а особено за земјава. Затоа, ние и нашите истражувачи, како што ви кажав, повеќе од 100 истражувања се осврнуваат на одредени прашања за можностите за подобрување и да бидат вклучени во креирањето на политиките на земјата и регионот, бидејќи имаме истражувачи од Косово, Албанија, Прешевската долина и Македонија кои дадоа свои предлози во секоја област“, рече Беџети.

„Економијата оди во позитивна насока, но и тапка во место, во зависност од контекстот кој ќе го земете. Технологијата ни овозможи да работиме од дома, ни овозможи да се обидеме да работиме од дома и ни даде изговор да не бидеме доволно продуктивни и многу причини поради кои треба да ги обвинуваме другите. Значи, имаме многу причини да ги обвинуваме другите, но тоа е опасно и треба да нè потсети сите дека треба да преземеме одговорност за себе“, рече Лео Пол Дана, професор по економија на Универзитетот во Париз.

Истражувачите дебатираа и за новите деловни и економски предизвици и перспективи, како дел од закрепнувањето.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button