ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжува комисиската дебата за законите за автопатите

Парламентарното мнозинство е решено да ги изгласа неопходните законски измени за процедурата за изградба на Коридорите 8 и 10Д иако опозицијата ги повикува да ја повлечат поддршката. Според ВМРО-ДПМНЕ, законите не се носат за да се усогласат со европското законодавство и оти затоа не смее за нив да се користи скратената постапка преку европско знаме како што тоа го прави Владата.

Advertisements

Но, од владиното мнозинство реплицираа дека ВМРО е против законите затоа што е против инвестиции и градби.

Петте закони кои имаат за цел да ги олеснат процедурите за изградба на автопатите се во Комисијата за европски прашања. Роковите предвидуваат за секој од нив да има расправа по само два дена. Во една ваква ситуација со употреба на знамето на ЕУ, опозицијата нема многу опции за блокирање. Станува збор за законите:

Законите за коридорите:

– Закон за работни односи
– Закон за урбанистичко планирање
– Закон за градење
– Закон за експропријација
– Закон за утврдување јавен интерес и определување стратешки партнер

Со нив се предвидува продолжување на работното време на градежните работници, изградба по инвестициски план без идеен урбанистички план, олеснување за добивањето дозволи и олеснување на процесот на експропријација.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button