ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Владина парада за Коридорот 10-Д, повеќе фоторепортери отколку работници

Булдожер, грејдер и камион на пладне направија „спектакл“ пред државниот врв и странските гости. Имаше повеќе сниматели и фоторепортери отколку работници на конзорциумот „Бехтел и Енка“ кои денеска требаше да ги почнат работите на Коридорот 10Д. Паралелно со откривањето на една информативна табла, која надлежните ја нарекоа камен-темелник, беше означен почетокот на изградбата на автопат ќе ги поврзува Прилеп и Битола. Премиерот Ковачевски ги потенцираше предложените законските измени, но јавноста не знае ниту како е проектирана, ниту колку ќе чини оваа инвестиција.

Advertisements

Вицепремиерот Груби ја повика опозицијата да не ги блокира законските измени за коридорите. Со петте предлог-законски измени поднесени минатиот петок, Владата тврди дека овој проект од 110 километри ќе чини 200 милиони евра поевтино отколку да се реализира со сегашните закони.

Иако се предвидува да чини 1,3 милијарди евра, сега од Владата велат дека без работното време да се продолжи на 60 часа неделно, без отстранување на царината, акцизата и ДДВ-то за целиот градежен материјал што „Бехтел и Енка“ ќе го увезат од странство и без да се направат законските измени за олеснување на пренамената на земјоделското во градежно земјиште, овој проект ќе чини екстра 200 милиони евра, без вклучени трошоци за експропријација на приватните имоти.

Денешниот т.н. „камен темелник“ беше повторување на настанот од 4 април, за Коридорот 8 на патниот правец Тетово-Гостивар. Директорот на државните патишта рече дека овој проект ќе го зголеми економскиот развој и ќе го олесни превозот на стоки, услуги и патници со сите соседни земји.

Претходно евроамбасадорот Гир порача дека не треба да се злоупотребува знамето на ЕУ. Од граѓанскиот сектор имаше и бројни критики и сомневања за корупција затоа што проектот за автопатите претходно бил повлечен од европските фондови и наместо од таму насочен да се финансира од државниот буџет. Треба да се распореди во најмалку 5 буџетски години. Опозицијата предупредува дека се спрема голема корупција и преку фирмите за надзор кои од проектот ќе добијат повеќе од 22 милиони евра.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button