
Познатиот бренд за детски производи „Бекутан“ денеска ја одбележа 45-годишнината од постоењето. „Бекутан“ располага со над 60 видови основни производи за нега на бебиња и повеќе од 100 различни форми на пакување. Сите производи се клинички тестирани од дерматолози во соработка со педијатри и неонатолози. Генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов денеска откри интересен податок дека од постоењето на овој бренд досега се произведени над 60 милиони кутии од кремот „Бекутан“.