ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 21 степен.