ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Државата има пари за функционерите, но не и за администрацијата

За зголемувањето на платите на функционерите кое ќе ги чини даночните обврзници 15,6 милиони евра за една година, веќе се најдени средства од државниот буџет, додека за зголемувањето на платите во јавниот сектор нема средства колку што се бара. Од Министерството за финансии не посочуваат од каде се издвоени пари од овогодинешниот буџет за зголемувањето на платите од 78 отсто на 1.060 државни функционери.

Advertisements

Министерот Фатмир Бесими рече дека неговата плата е зголемена за 890 евра, така што сега основната плата му е 2.050 евра. Но, тој вели дека доколку сите вработени во јавниот сектор би ги зголемиле платите, би се зголемил и јавниот долг и мора да се чека да се изгласа новиот Закон за плати за нивно усогласување според хиерархијата во државата.

„Во изготвувањето на новиот предлог-закон за плати, ние како министерство за финансии учествуваме во проценката какви финансиски импликации може да има во буџетот и методологијата на нивна стабилна исплата за сите наредни буџетски години. Но, усогласувањето на платите во социо-економскиот Совет ќе потрае подолго, поминувајќи ги фазите на јавна дебата, додека методологијата за покачување на платите може побрзо да се одобри заедно со колективните договори“, наведуваат од Министерството за финансии.

Според Финансии, 12% од буџетот годинава е распределен за плати во јавниот сектор или 34,9 милијарди денари, така што нивните напори се следната година со зголемувањето на БДП да се зголемат и платите и да не се зема долг за плати на вработените во државната и јавната администрација без да се цени продуктивноста во работа. Тоа значи дека освен покачувањето од 2.000 денари што беше направено за јавната администрација, државните службеници, лекарите, наставниците и другите сегменти, на ново зголемување може да се надеваат само со воведувањето на новиот Закон за плати или и колективните договори.

Од Министерството за администрација и информатичко општество, кое е носител на Законот за плати, велат дека овој предлог закон ќе биде доставен до Собранието во текот на оваа година. Не соопштуваат детали дали ќе ги намалат досегашните коефициенти на платите на функционерите кои достигнуваат и до 4,5, но велат дека ќе се усогласат согласно ставот дека во државата не треба да има регулаторни тела во кои ќе се исплаќаат повисоки плати од претседателската.

„Предлог-законот го подготвуваме и во 2023 година ќе ги помине сите филтри за да се достави до Собранието“, велат од Министерство за администрација и информатичко општество.

Функционерите избегнуваа да кажат за колку им се зголемила платата- освен претседателот Пендаровски кој јавно ја покажа пресметката за зголемената плата, останатите не беа транспарентни како шефот на државата. министерот за земјоделство Љупчо Николовски рече дека останал без банкарските картички и не знае колку е зголемена платата, а вицепремиерот Артан Груби тврдеше дека сумата можела д абиде и поголема ако одлуката на Уставниот суд била ретроактивна, па покачувањето на платата да важело од 2011.

Извршната власт не се грижи за економско-финансиската криза и за граѓаните и дополнително го оптеретува буџетот со 15,6 милиони евра годишно за покачувањето на платите без да побараат оценка за продуктивноста на работата, како што бараат при зголемување на платите во јавниот сектор.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button