СПОРТ

Рафаeл Надал е во трка со времето за да настапи во Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафеал Надал одби да игра на турнир во Бордо како најава за Ролан Гарос, затоа што неговиот фокус е во целост на престижниот Грен Слем турнир кој се игра на крајот на овој месец.

Advertisements

Директорот на челенџерот Жан Баптист Перлан изјави дека на Надал му се понудило специјална покана да дојде и да игра во Бордо, меѓутоа тој и неговиот тим ја одбиле затоа што нивниот фокус е само Ролан Гарос и се во трка со времето за Шпанецот да биде во идеален моментум на омилениот турнир.

Некогашниот светски рекет број еден е надвор од терените од турнирот Австралијан Опен, или поточно повеќе од сто дена. И покрај повредата и трката со времето, се очекува шпанецот да биде подготвен за омилениот Грен Слем турнир на кој е рекордер со 14 освоени титули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button