За една година бројот на ученици намален за 1000 деца

Последните податоци на Државната агенција за статистика покажуваат дека само за една учебна година бројот на ученици во основното образование е намален за 1.015 додека во средните училишта за 1.798. На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на ученици во основните училишта изнесува 184.910, што претставува намалување од 0,6% во однос на претходната година. Во средните училишта, бројот на ученици на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69.378, што е намалување за 2,5 отсто во однос на претходната учебна година.
Алсат неколку пати информираше за конкретни случаи – за намален бројо на ученици од села во различни општини во државата.
Хабибе е единствената ученичка во приградското училиште „Емин Дураку“ во село Раовиќ, општина Сарај. Таа е трето одделение. И покрај тоа што не беше придружувана од други деца, нејзината желба за учење е голема. Како што вели, нејзини блиски пријатели се наставници кои не пропуштаат ниту еден ден.
Слично е и во селата од општина Липково. Од почетокот на учебната 2022-2023 година, во основното училиште „Рилиндја“ биле дадени 12 отпусни листови за ученици од селата Лојане и Ваксинце.
Според Заводот за статистика, во 2020/2021 година имало 980 училишта, само една година подоцна четири училишта се затворени, иако не е прецизирано дали се централни или рурални училишта.
Мелихате Рустеми