ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пакетот законски измени со европско знаменце за коридорите 8 и 10-д на дневен ред во Собранието

Пакетот предлог-законски измени, поднесени со европско знаменце, а кои се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10-д од страна на „Бехтел и Енка“ денеска повторно се на дневен ред во Собранието.

Advertisements

Станува збор за предлог-измени на пет закони: за работни односи, за експропријација, за урбанистичко планирање, за градење, како и на посебниот закон за коридорите 8 и 10-д.

Со оглед дека власта ги поднесе со европско знаменце, комисиската расправа за нив се одвива во Комисијата за европски прашања. Таму веќе поминаа два од петте закони – за работни односи и за урбанистичко планирање, денеска се очекува да се разгледуваат измените на Законот за градење, а во наредните денови и на останатите два закони.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button