ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Втора сесија од состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет– Република Северна Македонија и ЕУ

Во Собранието денеска треба да продолжи состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и ЕУ (МПК).

Advertisements

На втората сесија на МПК треба да се разгледаат мерките за справување со загадувањето и енергетската криза, да се усвојат препораките, да се разгледа Извештајот за Дијалогот „Жан Моне“ и  да се одреди место и датум за следниот состанок на МПК.

Првата сесија на состанокот на МПК се одржа вчера во Собранието на која се обратија евроамбасадорот Дејвид Гир, државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Дрита Абдиу Халили и шведската амбасадорка.

Евроамбасадорот Гир оцени дека политичкиот јаз се продлабочува и затоа потребните реформи назадуваат.

– Има напредок, има чувство дека работите се движат напред особено во однос на усвојувањето на уставните измени во согласност со билатералните обврски преземени со Договорот меѓу државава и Бугарија, но за жал и покрај политичките заложби од двете страни за иднината на Северна Македонија во Европската унија сè уште нема заеднички дневен ред за потребните реформи, забележа евроамбасадорот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button